Бахреин - солзавец и гумени куршуми за демонстрантите

Полицијата во Бахреин со солзавец и гумени куршуми изутрината се обиде да ги растури три дневните демонстрации во центарот на Манама. При тоа, најмалку 4 лица беа убиени, а 150 биле ранети.
Од почетокот на анти владините протести во Бахреин загинаа најмалку 6 лица.
Демонстрантите побараа политичките реформи во кралството Персискиот залив, каде што сунитската династија владее со мнозинството шиитско население. Протестите во Бахреин се дел од бранот политички немири во арапскиот свет.