ОБСЕ ќе испрати 400 набљудувачи во Казахстан за изборите

Канцеларијата на ОБСЕ во Казахстан

ОБСЕ ќе испрати околу 400 набљудувачи во Казахстан за да ги мониторираат предвремените избори кои се закажани на 3 април. Ова денеска го изјави шефот на ОБСЕ за Казахстан, Александар Келчевскји. Тој додаде дека во текот на наредната недела во земјата ќе пристигнат 36 набљудувачи додека останатите ќе дојдат на ден пред изборите. ОДИХР ги мониторираше претходните претседателски и парламанатрани избори во Казахстан и оцени дека и двата изборни процеса не ги задоволуваат демократски стандарди.