САД да не ја намали помошта на египетската војска бара адмиралот Мулен

Египетските војници на протестите во Египет

Американскиот адмирал Мајк Мулен изјави денеска пред Конгресот дека американската воена помош за Египет е од непроценлива вредност за силите на земјата да станат способна и професионална организација. Според Мулен промените во помошта и асистенцијата на војската мора да бидат направени со претпазливост и по процена на долгорочните ефекти. Мулен им порача на законодавците да размислат дали ќе ја прекинат соработката со египетската војска, поради кризата во земјата. САД годишно издвојуваат по 3,1 милијарда долари за помош на египетската војска.