Владините ги растераа анти-владните демонстранти во Јемен

Владини приврзаници се судрија денеска со анти-владините демонстранти во главниот град на Јемен, Сана, а полицијата не била во можност да го спречи судирот меѓу двете спротиставени страни. Анти-владините демонстранти се разбегале, но група студенти во Универзитетот во Сана се обиделе повторно да ги обноват протестите против претседателот Али Абдула Салех. 40 насто од жителите на Јемен живеат со помалку од два долара дневно.