Ахмадинеџад: протестите нема да ја постигнат целта

Махмуд Ахмадинеџад

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад изјави дека непријателите кои ги организираа антивладините протести во Техеран нема да ги постигнат своите цели. Јасно е дека иранскиот народ има непријатели, бидејќи тоа е земја која сака да напредува и да ги промени односите во светот, рече Ахмадинеџад за државната телевизија.
Повеќе десетици илјади Иранци се собраа деновиве на протестот на опозицијата во знак на солидарност со народното востание во Египет, а во судирите меѓу демонстрантите и полицијата едно лице загина, а неколку десетици беа повредени.