Американскиот претседател Барак Обама изјави денеска дека владите на Блискиот исток треба да ја признаат желбата на нивниот народ за промени и да им обезбедат мирен пат до подобрите можности. Според него јасно е дека младите генерации повикуваат на поголема слобода на Блискиот исток. Обама изрази загриженост за стабилноста на регионот, поради ширењето на протестите во Иран, Бахреин и Јемен. Тој повика на ненасилен одговор на протестите.
Обама повика на мирен одговор на протестите на Блискиот исток
Американскиот претседател Барак Обама