Протестите во Бахреин се проширија на главниот плоштад

Анти-владините протести во Бахреин

Илјадници луѓе денеска ја презедоа контролата на централниот плоштад во главниот град на Бахреин, каде два дена се одржуваат протести инспирирани од случувањата во Египет. Безбедносните сили се обиделе да ги запрат демонстрантите да стигнат до плоштадот во Манама. При судирите со полицијата претходно загинаа двајца демонстранти. Опозиционите групи повикуваат на поголеми политички слободи и да се стави крај на власта на сунитската кралска династија.