МВР бара Фејсбук да ги затвори групите за објектот на Кале

Единицата за борба против компјутерски криминал при МВР побарала од администраторите на социјалната мрежа Фејсбук да бидат затворени групите и странците за и против изградбата на музејот-црква на Кале, бидејќи шират омраза и предизвикуваат верска и етничка нетрпеливост. МВР побарала и податоци за лицата кои ги креирале тие групи и страници. Министерството побара посетителите на социјалните мрежи да прекинат со говорот на омраза и повиците за насилство, бидејќи против нив ќе бидат преземени мерки.