Пет години затвор за блогерка-тинејџерка во Сирија

Дамаск

Специјалниот суд за безбедност во Сирија и досуди пет години затвор на една блогерка-тинејџерка за „откривање информации на странска држава“.
19-годишната Тал Ал Молухи беше донесена во судот врзана, со врзани очи и со големо обезбедување. Таа е во притвор од 2009 година кога беше средношколка. Молухи, на својот блог, напишала дека копнее да одигра улога во обликувањето на иднината на Сирија и побарала од американскиот претседател Барак Обама да ја подржи палестинската кауза.
Стејт департментот повика на нејзино ослободување и ги оцени обвинувањата за американска шпионажа како неосновани.