Министерката Јанкулоска го осуди насилството на Кале

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска го осуди инцидентот на Кале. Јанкулоска апелираше до медиумите и до политичките партии настанот да не се злоупотребува за дневно политички поени. Министерката изрази жалење што неодговорното однесување на одредени политичари било искористено за подгревање на страстите, што може да и нанесе штета на државата.