Филипини повикана во МНР за инцидентот на Кале

Холандската амбасадорка во Македонија Симоне Филипини

Холандската амбасадорка во Македонија Симоне Филипини денеска била повикана во МНР, поради учеството на Артон Груби, вработен во амбасадата во вчерашниот инцидент на Кале. Според соопштението заменик министерот за надворешни работи Зоран Петров изразил загриженост што Груби бил предводник и организатор на протестите на Кале. Петров побарал амбасадата да се огради од однесувањето на вработениот и нејзините вработени да се воздржат од активно вклучување во општествено-политичките случувања во земјата, бидејќи тоа е против Виенската конвенција. Филипини соопштила дека амбасадата ќе ги преземе сите мерки за санкционирање, доколку се утврди одговорноста на Груби.