Бомбашки напад во трговски центар во Кабул-2 загинати

Нападот на супермаркетот во јануари

Авганистанската полиција соопшти дека при експлозија во еден шопинг и хотел комплекс во Кабул, загинале најмалку две лица. Според полицијата бомбашот самоубиец го активирал експлозивот, кога бил стопиран од чуварите на влезот на зградата на трговскиот центар.
Последниот бомбашки напад во авганистанскиот главен град беше на 28 јануари во супермаркет, при кој загинаа 8 лица.