Опозициони лидери во Иран во домашен притвор

Според интернет страницата на иранскиот опозиционен лидер Мир Хосеин Мусави, полицијата денеска го блокирала пристапот до неговиот дом и му ги прекинала телефонските врски со цел да го спречи да присуствува на планираните демонстрации. Мусави и Мехди Каруби, исто така опозиционер, побараа дозвола за одржување марш на солидарност со протестите во Египет и во Тунис, но нивното барање властите во Техеран го одбија. Но, и покрај тоа, неколку опозициони групи највуваат одржување на демонстрациите.