Стејт департментот на „Твитер“ со иранските корисници

Американскиот Стејт департмент почна да испраќа пораки на „Твитер“ наменети за корисниците на социјални мрежи во Иран. „Би сакале да Ви се придружиме во разговорот“ беше првата порака која американската државна институција ја испрати на социјалната мрежа. Во останатите пораки, Стејт департментот ја обвинувашер Иранската влада дека дома го загрозува правото на различно мислење, додека гласно ги подржуваше протестите во Египет. Во првите два часа, Стејт департментот доби 20 „следбеници“ од Иран на „Твитер“.