Ирачкиот Парламент гласаше за десет владини функции

Премиерот на Ирак, Нури Ал Малики

Ирачкиот Парламент денеска пополни три вицепретседателски и седум министерски места, но не гласаше за сензитивните функции во земјата, како што се одбраната, министерството за внатрешни работи и националната безбедност. Премиерот Нури Ал Малики беше вршител на должноста на трите функции, поради несогласувањата кој да биде назначен. Парламентот за четвртиот вицепретседател се очекува да гласа во наредната недела.