Египетската војска ги брка демонстрантите од плоштадот Тахрир

Протестите на плоштадот Тахрир во Каиро

Египетските војници денеска го отворија патот за собраќај на плоштадот Тахрир во обид да ги растераат демонстрантите за да се врати животот во нормала во земјата по 18 дневните протести кои го парализираа Египет. Претседателот Хосни Мубарак во петокот поднесе оставка. Полицијата им соопшти на демонстрантите кои останаа на плоштадот дека мора да си одат. Некои од нив според извештаите биле остранети со сила, а други останале. Високиот совет на воените сили кој е моментално на власт во земјата ќе се состане денеска да разговара за политичката состојба во Египет.
Во меѓувреме лидерите ги повикаа граѓаните да соработуваат со полицијата, но ги предупредија чуварите на редот и мирот да се држат до слоганот дека полицијата е во служба на луѓето.