Бројот на загинати при нападот во Кандахар се зголемува

Бројот на загинати при нападот на талибанците на полициска станица во авганистанската покраина Кандахар се искачи на 16. Според локалните власти талибанците биле вооружени со пушки и гранати. Меѓу загинатите има и полицајци. Министерството за внатрешни работи соопшти дека загинало 21 лице, меѓу кои и авганистански војници, цивили и еден агент на разузнавачката служба.
Авганистанските и НАТО силите по нападот спроведоа акција против талибанците.