Иран-падот на Мубарак лекција за лидерите подржани од Западот

Прославата во Египет по оставката на претседателот Хосни Мубарак

Иранските власти соопштија дека падот на режимот на египетскиот претседател Хосни Мубарак по масовните протести треба да биде предупредување до другите лидери подржани од Западот во арапскиот свет. Иранскиот шеф за нуклеарни преговори Саед Џалили изјави дека Мубарак и неговите западни подржувачи го слушнале гласот на египетскиот народ со 30 години задоцнување. Оставката на Мубарак по 32 години од иранската исламска револуција е триумф за нациите на Блискиот Исток. Американските власти го обвинуваат Иран за лицемерие, бидејќи го блокирале известувањето за протестите на персиски јазик, поради страв дека ќе потикне анти-владини протести и во земјата.