Мушараф осомничен за атентатот врз Беназир Буто

Первез Мушараф

Судот за анти-тероризам во Пакистан денеска издаде потреница по поранешниот лидер Первез Мушараф поради сомневање за поврзаност со атентатот врз поранешната премиерка Беназир Буто. Таа беше убиена во декември 2007-ма за време на изборната кампања во градот Равалпинди. Бившиот шеф на полицијата во Равалпинди, кој исто така е под истрага, тврди дека Мушараф го сменил планот за обезбедување на Буто, а по атентатот наредил расчистување на местото на нападот пред завршувањето на истрагата. Первез Мушараф моментално живее во Лондон.
Беназир Буто, Равалпинди 2007-ма