-„Намера на опозицијата беше да најде начин и причина заради која ќе го напушти Парламентот и цело време се обидуваше со разни гестови да предизвика проблем и на крај измислија причини поради кои кажуваа официјално дека излегле од Собранието. Нивното сценарио е да не се враќаат во Собранието, да не дозволат предвремени избори, а да прават проблеми“.
Ова го изјави премиерот Никола Груевски денеска во општина Пласница, одговорајќи на новинарско прашање дали очекува опозицијата да се врати во Собранието и таму да го води политичкиот дијалог.
„Ние сме Влада која пред самото доаѓање најавуваше дека ќе биде фокусирана на економијата и остануваме на тоа“.