Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по денешната средба во Москва со неговиот јапонски колега Сеиџи Маехара, изјави дека Русија ќе ги зголеми инвестициите на Курилските острови, а ќе повика и на инвестирање од други земји, како Кина и Јужна Кореја. На ова Маехара одговори дека Јапонија остро ќе се спротистави. Русија и Јапонија имаат долго-годишен спор околу Курилските Острови, кои советските трупи ги окпираа на крајот од Втората Светска Војна.