Анти терористички операции во Истанбул

Турската полиција денеска презела операции на различни локации во Истанбул, насочена против лица, вмешани во терористички активности, вклучително во зачестени подметнувања пожари, објави електронското издание на весникот „Сабах“.
Во операцијата, во која учествувале и хеликоптери, се приведени голем број лица.
Приведените, меѓу кои има и жени, прво биле подложени на медицински преглед.