Косово-Тачи и Пацоли ќе потпишат спогодба за коалицирање

Хашим Тачи

Демократската партија на Косово на Хашим Тачи и официјално и упати понуда на Алијансата за ново Косово на Беџет Пацоли заеднички да формираат влада на Косово, јавуваат косовските медиуми. Партијата на Пацоли поставила предуслов за влегување во коалицијата, претседател на Косово да биде Пацоли. Но на ваквиот предлог се спротисавиле неколкумина пратеници од партијата на Тачи кои сакаат за претседател да биде избран досегашниот вршител на таа должност Јакуп Красниќи. Идната коалиција во парламентот ќе ја има поддршката од 65 пратеници и тоа: 34 пратеници од партијата на Тачи, осум од партијата на Пацоли, 22 на малцинстава, и пратеникот Ук Ругова, синот на првиот претседател на Косово Ибрахим Ругова.