Во Пакистан напад на тинејџер самоубиец

Пакистанската полиција соопшти дека тинејџер во школска униформа активирал експлозив што го имал на себе во еден тренинг камп во северозападниот дел на земјата. Во нападот за кој одговорноста ја презедоа талибанските бунтовници загинале над 27 војници, додека 40 други биле повредени. Талибанците најавија натамошни слични напади како одговор на нападите со американски беспилотни летала на границата меѓу Пакистан и Авганистан.