Албанското обвинителство соопшти денеска дека се уапсени двајца гардисти, кои се осомничени за вмешаност во убиството на четворица демонстранти во Тирана на анти-владините протести на 21 јануари. Опозиционата социјалистичка партија на чело со Еди Рама ја обвини владата на премиерот Сали Бериша дека е корумпирана и бара негова оставка и распишување на предвремени избори.