Медведев нареди зголемување на оружјето на Курилските острови

Рускиот претседател Дмитри Медведев

Рускиот претседател Дмитри Медведев денеска нареди распоредување на дополнително оружје на Курилските острови за кои Јапонија тврди дека се нејзини. Медведев му соопштил на министерството за одбрана и регионален развој дека оружјето мора да биде модерно и да ја осигура безбедноста на островите, кои се дел од руската федерација.
Јапонскиот премиер Наото Кан претходно ја осуди посетата на Медведев на Курилските острови, кои се под контрола на Русија од 1945 година.