Силвио Берлускони на Суд за секс со малолетничка?

Берлускони во Римскиот Сенат

Обвинителството во Милано - Италија соопшти дека формално денеска ќе побара на премиерот Силвио Берлускони да му се суди за секс со малолетна проститутка и за обид тоа да го прикрие. Потоа Судијата ќе реши дали на 74 годишниот Премиер ќе му се суди.
Берлускони ги негира обвиненијата и изјави дека настанот е политички мотивиран. Берлускони подолго време се соочува со скандали за врски со млади жени и забави во неговата вила.