Какви инструкции има Јолевски во Њујорк?

По неколкумесечна пауза, медијаторот Метју Нимиц и преговарачите Зоран Јолевски и Адаматиос Василакис повторно ќе се состанат во Њујорк.
До средбата во Њујорк доаѓа по барање на Нимиц, кој подолго време не закажуваше средба под образложение дека нема нови моменти во разговорите.
Во Министерството за надворешни работи велат дека по извршените консултации со државниот врв, преговарачот Јолевски ги добил потребните насоки за текот на разговорите, но детали за тоа какви инструкции добил, не соопштуваат.