Американската амбасада негира вмешаност во несреќата во Каиро

Протестите во Каиро на плоштадот Тахрир

Американската амбасада во Каиро денеска негираше дека нејзиниот персонал го возел автомобилот, кој прегази десетици демонстранти со голема брзина, што беше снимено на видео. Според амбасадата неколку нејзини возила биле украдени и ја осуди нивната употреба за насилни и криминални актови.
На видеото постирано на Јутјуб се гледа бело комбе на амбасадата, кое вози по улицата каде протестираат демонстрантите, при што ќе прегази неколку од нив без да ја намали брзината.