Во домашен притвор уште две притворенички од случајот Пајажина

Истражниот судија на случајот Пајажина денеска донесе одлука да ги пушти во домашен притвор поранешната директорка на А1 телевизија Анета Кочишки и Невин Рауф. Според адвокатат Мирослав Вуиќ, судијата се одлучил на таков чекор поради здравствената состојба на притворените и покрај негативното мислење на јавниот обвинител. Од минатата недела во домашен притвор е и осомничената, која го загуби своето бебе.