Повторно протести на вработените во јавниот превоз во Грција

Протестите на вработените во јавниот превоз

Вработените во јавниот транспорт, лекарите од државните болници, фармацевтите и фармерите во Грција денеска повторно штрајкуваат, против владините реформи. Во Атина четири часа не функционирало метрото и трамваите. Утре и во петок е во план да не собраќаат и автобусите и тролејбусите.
Демонстрантите бараат измена на законот кој предвидува намалување на платите на вработените во јавниот транспорт и нивно префрлање на други работни места, како и замена на колективните со индивидуални договори.