Чешкиот претседател Вацлав Клаус по денешната средба со македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов во Прага изјави дека Чешка ја подржува евроинтеграцијата на Македонија. Според Клаус недостојно е важни прашања да бидат блокирани, поради спорот со името со Грција. Клаус смета дека на ЕУ и е обврска да се потруди да најде решение за проблемот, кое ќе биде прифатливо, а не да стои одстрана и немо да ја набљудува Грција додека ја спречува интеграцијата на Македонија.