Тунискиот министер за внатрешни работи ги суспендираше сите активности на партијата на соборениот претседател Зин Ел Абидин Бен Али. Се наведува дека министерот Фахрат Раџи сака да побара распуштање на партијата. Во земјата се уште има протести. Демонстрантите бараат отсранување на сите функционери од поранешниот режим.