Протести за оставка на италијанскиот премиер Берлускони

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони

Околу илјада луѓе денеска протестираа пред вилата на италијанскиот премиер Силвио Берлускони во Аркоре во близина на Милано. Тие бараат од Берлускони да поднесе оставка од функцијата. Полицијата ги спречила да влезат во дворот на вилата. Демонстрантите носеле плакати испишани со пароли „Проститутките надвор од државата“. Во вилата Берлускони ги организирал забавите од кои пред 15 дена прозилезе новиот секс скандал со малолетничка.