Израелскиот претседател со пофални зборови за Мубарак

Израелскиот претседател Шимон Перез

Израелскиот претседател Шимон Перез изјави дека египетскиот лидер Хосни Мубарак ќе биде засекогаш запаметен по тоа што успеал три децении да го зачува мирот меѓу двете земји. Перез застана во одбрана на Мубарак бидејќи неговиот придонес за зачувување на мирот со Израел никогаш нема да биде заборавен.
Израел е загрижен поради најавите дека Мубарак ќе биде принуден да се повлече од функцијата и дека помалку пријателска влада ќе го замени. Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху предупреди дека секоја нова египетска влада ќе мора да го почитува мировниот договор со земјата од 1979 година.