Највлијателната опозициска група на разговори со египетските власти

Протестите во Египет

Египетската највлијателна опозициска група Братство на муслиманите соопшти дека ќе започне разговори со властите за да се стави крај на политичката криза во земјата. Според Ројтерс тие ќе се сретнат денеска, при што ќе се оцени колку египетската влада е подготвена да ги исполни барањата на луѓето. Тоа ќе бидат први преговори меѓу владата и забранетата група.
Раководството на владејачката Национална демократска партија вчера поднесе оставка, меѓу кои и лидерот на партијата Претседателот Хосни Мубарак.