Тројца американци обвинети за шпионажа во Иран пред суд

Во Иран денеска ќе започне судењето на тројца млади американци кои се обвинети за шпионажа. Судењето на Сара Шурд, Шон Бауер и Џош Фатал беше одложено поради одбележувањето на годишнината од исламската револуција во 1979 година. Иран го одби барањето на САД да бидат ослободени затворениците, но и дозволија на Шурд да се врати дома во септември минатата година со кауција од пола милион долари. Шурд беше во притвор една година и ќе и се суди во отсуство.
Свршеникот на Шурд и нивниот пријател Фатал соопштија дека тие не забележале дека влегле во Иран преку необележана граница во северениот дел на земјата, каде беа уапсени на 31 јули во 2009 година. Иран ги обвини за шпионажа и нелегален влез во земјата.