Рускиот вицепремиер Сергеј Иванов на конференцијата за безбедност во Минхен изјави дека повлекувањето на НАТО силите од Авганистан може да претставува закана за безбедноста на Русија. Иванов е загрижен за ситуацијата во северен Авганистан, кој граничи со централните азиски републики.