Камерон повикува на поактивна борба против нетолеранцијата

Британскиот премиер Дејвид Камерон

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска на конференцијата за безбедност во Минхен изјави дека властите на европските земји треба да направат повеќе во спречувањето на нетолеранцијата, која ја потикнува насилниот екстремизам. Според Камерон властите предолго се толерантни кон оние кои јавно се спротиставуваат на демократијата и еднаквите права за сите.
Тој додаде дека голем број од осудените за тероризам на почетокот биле под влијание на таканаречените ненасилни екстремисти.