Лидерот на албанската опозициска Социјалдемократска партија Еди Рама изјави денеска по протестите во четири албански градови, дека предвремени избори се решение за кризата.
- „Со оглед на ситуацијата немаме причина да очекуваме дека нашите меѓународни пријатели и партнери ќе ни речат да одржиме предвремени избори. Тие ја помагаат Албанија 20 години како и во моменти низ кои денес минува државата,“ рече Рама.
Во Тирана и три други градови опозицијата вчера одржа големи протести на кои побараа оставка од владата и распишување вонредни парламентарни избори. Од партијата најавија дека ќе одржуваат протести секој петок се додека владата не поднесе оставка, која ја обвинуваат за изборна кражба, корупција и криминал