Двајца репортери на РСЕ притворени во Каиро

Двајца репортери на Радио Слободна Европа се притворени во Каиро. Станува збор за Роберт Тејт и Абделила Нуаими, кои имаат британско државјанство. Тие денеска пристигнаа во Каиро за да известуваат за протестите во Египет. Веднаш потоа тие биле приведени.

„Ги повикуваме египетските власти да ги ослободат нашите дописници“, изјави директорот на вести на Радио Слободна Европа Џеј Толсон.