Египет - "Ден на заминување"

Каиро - Плоштадот Тахрир

Десетици илјади луѓе и денеска протестираат во Египет, под мотото Ден на заминување, барајки оставка од претседателот Хосни Мубарак. Најмасовни се протестите во Каиро и во Александрија, а војската постави контролни пунктови околу плоштадот Тахрир во Каиро. Мубарак, во изјава за американска телевизија, рече дека би си поднел оставка веднаш, но страхува дека во земјата ќе завладее хаос.