Почнува судењето за случајот Ел Масри во Скопје

Во Скопје денеска почнува судскиот процес по тужбата на германскиот државјанин со либанско потекло Калед ел Масри против Македонија кој тврди дека во 2003 година бил киднапиран од македонските власти и предаден на агенти на ЦИА, кои потоа четири месеци го мачеле во таен затвор во Авганистан. Тој бара оштета од 50.000 евра и извинување. Ел Масри против Македонија води процес и пред Европскиот суд за човекови права, откако не успеа да покрене процес пред судовите во САД и Германија.