Времето сончево со многу студено утро

Времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура се движи од минус 12 до минус три, а дневната ќе биде од минус еден до шест степени.
Во Скопје и околината слично време- сончево со умерена облачност и со слаб северен ветер. Утринската температура се спушти до минус 10, а дневната ќе достигне до еден степен.