Тачи има доволно подршка за формирање на нова влада

Косовскиот премиер Хашим Тачи

Косовскиот премиер и лидер на Демократската партија на Косово Хашим Тачи денеска изјави дека има подршка од доволен број пратеници за формирање на нов владејачки кабинет. Тачи в понеделник ќе почне официјални консултации за идната влада. Тој планира таа да биде утврдена до 17 февруари, кога пред три години беше прогласена независноста на Косово.