Мирни опозициски и провладини протести во Јемен

Протестите во Јемен

Илјадници луѓе денеска протестираат во Сана против режимот на јеменскиот претседател Али Абдула Салех, додека во приближно иста бројка во центарот на градот протестираат и приврзаниците на власта. Двата протести се одвиваат мирно и покрај стравувањата дека ќе има судири меѓу спротиставените страни како во Египет.
Салех вчера вети дека нема да бара продложување на мандатот по неговото завршување во 2013 година и дека функцијата нема да ја наследи неговиот син.