Судири на приврзаниците и противниците на Мубарак во Каиро

Протестите во Египет

Приврзаниците и противниците на режимот на египетскиот претседател Хосни Мубарак повторно се судрија денеска, фрлајќи камења едни кон други, иако војската се обидела да ги смири двете страни. Немирите се случиле на плоштадот Тахрир во Каиро. Демонстрантите ги обвинија приврзаниците на Мубарак и полицијата во цивилна облека дека истрелале куршими во текот на ноќта.
Најмалку 5 луѓе загинаа од почетокот на судирите. Премиерот Ахмед Шафик денеска се извини за насилството и ги повика опозициските лидери на разговор, но Братството на муслиманите и опозицискиот лидер Мухамед ел Барадеј ја одбија поканата.