Тројца загинаа во Каиро утрово, немирите продолжуваат

Слика од центарот на Каиро

Истрели од огнено оружје одекнаа во центарот на Каиро утрово. Продолжуваат насилните протести против владеењето на претседателот Хосни Мубарак. Како што јавуваат медиумите, тројца анти-владини демонстранти загинале во судирите во Египет утрово. Вчера деветдневните протести станаа понасилни. Три лица загинаа а најмалку 600 лица беа повредени кога про-владините активисти ги нападнаа анти-владините демонстранти со камшици. Насилството изби еден ден откако актуелниот претседател изјави дека ќе отсатапи од функцијата во септември, кога ќе му истече мандатот.