Нови вработувања и поголеми плати за руската војска

Руски војник

Кремљин соопшти дека планира да го зголеми бројот на службеници во руската војска и да им ја покачи платата речиси за двојно. Рускиот претседател Дмитри Медведев изјави дека полицијата и другите органи за почитување на законите ќе добијат поголеми плати од наредниот јануари. Според Асошиејтед прес во последните две години бројката на службеници во руската војска е намалена од 355 илјади на 150 илјади. Рускиот министер за одбрана денеска изјави дека на војската и се потребни дополнителни 70 илјади службеници.