Најмалку 500 повредени при немирите во Египет

Протестите во Египет

Најмалку 500 луѓе се повредени при денешните судири меѓу приврзаниците на египетскиот претседател Хосни Мубарак и демонстрантите на плоштадот Тахир во Каиро, кои бараат да се стави крај на тридеценискиот режим во земјата. До судирите дошло кога приврзаниците на Мубарак пристигнале на плоштадот, каде илјадници демонстранти протестираат со денови. Двете спротиставени страни фрлале со камења едни кон други и притоа неколку луѓе се повредени. Мубарак вчера изјави дека ќе остане на својата функција до изборите во септември. Опозициската Братство на муслиманите соопшти дека за нив нема друга алтернатива освен Мубарак веднаш да поднесе оставка од функцијата.